Соопштение, 30.01.2024

22/02/2024

Нова Алтернатива со сериозна загриженост го проследи најновиот извештај на Транспаренси интернешнл согласно кој Република Македонија се наоѓа на 76 место во светот од 180 држави во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата.

Иако државата бележи напредок од две места на оваа листа, Македонија е се уште далеку под европскиот просек кога станува збор за корупцијата.

За жал Македонија на оваа позиција е во друштво на држави како Молдавија, Буркина Фасо и Тринидад и Тобаго.

Она што дополнително загрижува е што во последниот извештај директно се посочува на измените на Кривичниот законик со кој корумпираните политички елити во Македонија меѓусебно се амнестираа за сторениот криминал.

ДПМНЕ на Мицкоски направи кворум, а СДСМ и ДУИ си изгласаа измени на кривичниот законик согласно кој се амнестирани повеќе од 19 актуелни и високи функционери на ДПМНЕ како и тројца поранешни функционери на СДСМ.

ДПМНЕ иако тврдеше дека во Собранието спроведува активна блокада, не мрдна со прст да го спречи носењето на измените на Кривичниот законик, напротив остана во собраниската сала да прави кворум со цел што побрзо измените да стапат во сила.

Ова беше само последниот показател дека корумпираните политички елити во Македонија иако по дебатни емисии сакаат да се прикажат како спротивставени страни, истите се обединети кога станува збор за корупција и криминал. Оние кои 30 години го ограбуваат и пустошат македонскиот народ едногласно се амнестирани од народните избраници во Собранието.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.