Соопштение, 29.01.2024

22/02/2024

Kонечно паднаа маските, се предадоа и ги превземаа функциите, Македонија има Влада предводена од ДУИ во која слугуваат ДПМНЕ и СДСМ.

Двете македонски партии кои од позиција на опозиција со децении се расфрлаа со термини како патриоти и предавници и се обвинуваа меѓусебно дека му слугуваат на ДУИ, сега заедно седнаа да ги води Али Ахмети.

Понизни министрите на Мицкоски со спуштена глава вчера го поздравија новиот премиер Талат Џафери пред очите на целата македонска јавност. Залудни се очајните ПР тактики да не се фотографираат со Џафери кога ниту еден пратеник на Мицкоски не гласаше против Владата на ДУИ, ДПМНЕ и СДСМ.

Злоупотребата на чувствата и емоциите на граѓаните со цел создавање на „воена“ атмосфера пред избори им носеше гласови, а ги нарушуваше меѓуетничките односи. 20 години креираат нетрпеливост меѓу македонскиот и албанскиот народ во Македонија во обид да ги свртат еден против друг, а вчера целата јавност виде како овие три политички партии одлично функционираат си ги делат функциите и учествуваат во заедничка Влада предводена од ДУИ.

Нова Алтернатива е тука да стави крај на лицемерието на овие партии, да стави крај на корумпираните политички елити кои го уништуваат кревкиот мир во Македонија, партии кои се обвинуваа еден со друг дека се криминалци и мафијаши за на крајот сите заедно да седнат на Илинденска б.б. и да продолжат да раководат со државата „како до сега!“.

Нова Алтернатива е тука за да ја промени оваа состојба на статус кво, на политичката сцена се појавуваат нови луѓе на кои зборот и проектите пред граѓаните им се приоритет број еден, доаѓаат промени и тектонски поместувања на македонската политичка сцена и што е најважно промени на подобро за сите македонски граѓани.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.