Соопштение, 24.01.2024

22/02/2024

Собранието на Република Македонија со години корумпираните политички елити го гледаат како бунар без дно од кој испумпуваат пари од буџетот на државата, пари на граѓаните, наместо да биде храм на демократијата.

И годинава политичките елити не го поштедија народот од милионски суми за патни трошоци. Само во текот на 2023 година покрај покачените плати и останати приходи за пратениците, буџетот е олеснет од страна на пратениците за неверојатни 19.5 милиони денари.

Поголемиот дел од пратениците кои земале патни трошоци, ретко или никогаш не се појавиле на говорница, не поднеле никакво законско решение или амандман во интерес на македонските граѓани.

Собранието се претвори во циркус кој го плаќаат граѓаните, пратениците наместо да одлучуваат своеволно и во интерес на граѓаните чекаат инструкции од партиските штабови за да кренат рака во храмот на демократијата, а партиските и личните интереси се ставени пред интересите на граѓаните.

Овој начин на делување мора и ќе биде променет, основната идеја на Собранието е преку дебата различни политички чинители да можат да дискутираат за предлог законски решенија кои ги предлагаат во интерес на граѓаните, а не како сега, во пазар каде се договараат за амнестија на криминалот и корупцијата.

Нова Алтернатива уште во првите неколку месеци од влегувањето во парламентот ќе предложи сериозни измени во делот на патните трошоци за пратениците кои ќе бидат услов за формирање на Влада. Буџетот на државата не е бунар без дно и начин пратениците да се збогатат во еден мандат. Нова Алтернатива најавува крај на милионските давачки за граѓаните за патни трошоци и останати злоупотреби на парите на граѓаните за лично богатење.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.

Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.