Соопштение, 24.01.2024

22/02/2024

Мицкоски потврди дека тој и целата негова партија бесрамно и дрско ја лажеле јавноста. Христијан Мицкоски вечерва на интервју на ТВ Телма потврди дека како и сите останати политички партии во Република Македонија и неговата партија добила покана да присуствува на конвенцијата на Нова Алтернатива на која беше промовирана за нова претседателка на партијата, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Кога веќе сака да зборува за заслуги како еден човек кој дипломирал кај татко му многу лесно се расфрла со зборови како купена партија. Да не заборавиме дека Христијан Мицкоски беше инсталиран како генерален секретар, а подоцна и претседател на ВМРО-ДПМНЕ како тотален анонимус.

Нова Алтернатива со жалење констатира дека лагата е главна карактерна особина на Христијан Мицкоски. За среќа на македонските граѓани на лагата и се кратки нозете, а 8-ми мај е близу. 8-ми мај е денот кога вистината ќе излезе на виделина и кога криминалната, лажлива македонска политичка елита завршува на буништето на историјата.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.