По кој знае кој пат се поразени деструктивните политики на Христијан Мицкоски, политики кои креираат хаос, политики кои оставија повеќе од илјада вработени во ЈСП и нивните семејства без плата.
Ниту вчера на Мицкоски не му успеа да го блокира градот, да ги остави граѓаните без градски превоз, а вработените во ЈСП без парче леб. Заврши времето на политичари кои ги подриваат темелите на институциите, а со тоа и на државата.
Мицкоски по кој знае кој пат покажа дека е класичен политикант кој единствено го интересира бројката на анкетите и ништо друго. За негова жал, а за среќа на македонските граѓани тој во јавноста го покажа вистинското лице, цела Македонија вчера виде дека Мицкоски е подготвен на се само за да им наштети на своите политички неистомисленици, макар оставил луѓе без леб, а граѓаните без градски превоз. Сепак на крајот си наштети единствено на самиот себе на својот личен рејтинг и легитимитет.
Нова Алтернатива нуди нова генерација на политичари, нови луѓе кои го ставаат интересот на граѓаните пред својот личен интерес, интересот на државата пред политичкиот интерес. Нова Алтернатива е предвесникот на промените, вчера градоначалничката на Град Скопје и претседател на Нова Алтернатива, Данела Арсовска ги порази истрошените и корумпирани политички елити, а вчерашните настани се само почеток, следуваат уште многу порази за корумпираните политички елити се до финалното соочување на 8-ми мај.