Соопштение, 22.01.2024

22/02/2024

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски ја блокираат и опструираат нормалната работа на јавните претпријатија во Градот Скопје.
По втор пат Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани.
Нова Алтернатива најостро ги осудува обидите на Мицкоски за собирање политички поени на грбот на граѓаните.
Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги гласат програмите на јавните претпријатија меѓу кои и онаа на ЈСП со што директно ја блокираат нормалната работа на претпријатието и редовната исплата на плати кон вработените.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со управниот одбор на претпријатието се директно одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП.
За среќа на скопјани и за среќа на македонскиот граѓанин се ближи крајот за политичарите како Христијан Мицкоски кои работат исклучиво за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните.
На македонската политичка сцена се појавува нова генерација на храбри политичари кои се подготвени да се испречат на патот на корумпираната политича елита. Македонскиот граѓанин може да препознае кој ја блокира работата на градот и нормалното функционирање на јавните претприкатија, виновникот има име и презиме, Христијан Мицкоски.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.