Соопштение, 22.01.2024

22/02/2024

Нова Алтернатива најостро го осудува денешното однесување на советниците на Христијан Мицкоски во Град Скопје. Поради личните хирови на Христијан Мицкоски денес 1300 вработени во ЈСП останаа без плата, а вработените останаа без начин како да ги прехранат своите семејства.

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје без да образложат зошто Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано за субвенциите од Град Скопје кон ЈСП кои требаа да овозможат нормално функционирање на градското претпријатие и редовна исплата на платите кон вработените.

Се поставува прашањето како било кој од советниците на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе побараат глас и поддршка од граѓаните кога денес го оставија главниот град без јавен превоз, кога оставија 1000-ци семејства без парче леб само за да ги задоволат каприците на својот лидер.

Со кој образ Трајко Славевски, Марија Андоновска, Луке Галевски, Стефан Андонов, Владимир Неловски и останатите советници на ВМРО-ДПМНЕ ќе одат од врата на врата да ја бараат поддршката од скопјани на наредните избори.

Очигледно се работи за луѓе без образ и без срам, но и без срце и душа затоа што на минусни температури, во период кога граѓаните имаат најголеми трошоци тие оставија половина милион луѓе без јавен превоз, а вработените во ЈСП без тешко заработената плата.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.

Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.