Претседател

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/02/danela-odbor.jpg

Претседателот на Нова Алтернатива

е лице кое ја претставува и застапува Партијата во надворешниот правен промет и е овластен потписник на партиската банкарска сметка по функција. Претседателот го избира Президиумот од своите редови, со апсолутно мнозинство гласови.

Мандатот на Претседателот е четири години, односно меѓу два редовни Пленума, со неограничено право на реизбор.

Актуелен претседател на Нова Алтернатива е Данела Арсовска

Placeholder image

Особена чест и задоволство ми е да бидам денеска помеѓу вас чесни, храбри и слободоумни луѓе. Горда на тоа што во Македонија има луѓе со цврсти ставови, луѓе кои се сигурни во својот интегритет, кои ја знаат разликата меѓу добро и лошо и одбиваат да бидат излажани.

Данела Арсовска

ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Разочарувачки е што по три децении независност и три генерации на политичари Македонија е земја во која просперитетот е само збор во политичка кампања. Земја во која 500.000 наши сограѓани живеат под прагот на сиромаштија. Земја во која царува корупцијата, непотизмот, криминалот.

Затоа, горда сум што не припаѓам на деформираниот и ретрограден корумпиран политички естаблишмент. Горда сум што можам да кажам дека припаѓам на генерација која е сведок на сите неправди и која знае како да ги исправи.

Стојам пред Вас храбри и чесни луѓе со идеја, начин и желба да ја направиме Македонија место кое како наш дом е одраз на слобода, просперитет и правда. Стојам пред вас со Нова Алтернатива.

Политиката мора да биде натпревар на идеи, проекти, методи и понуда за подобар живот – наспроти досегашното поимање на политиката како начин за стекнување привилегии и брзо збогатување. Политиката не смее да биде извор на поделби и раздор, туку точка на зближување и мост за надминување на проблемите преку дијалог.

Додека го разединуваа и раскаруваа народот, политичарите живеат во благостојба. Договорени за спас од одговорност за корупцијата и криминалот.

ДОСТА Е ЛИЦЕМЕРИЕАјде сите заедно, со една идеја правда за Македонија

да се обединиме и да одбереме Нова Алтернатива. Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок. Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.
https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.