Постулати

ПОСТУЛАТИСите заедно, со една идеја правда за Македонија да се обединиме и да одбереме Нова Алтернатива.

Економија

Образование

Здравство

Правен систем

Животна средина

Меѓународна политика

Placeholder image

Патриотизмот во Македонија со години се злоупотребува од луѓе кои ниту ја сакаат својата држава, ниту работат за неа. Го злоупотребуваат со години само за да добијат глас повеќе создавајќи конфликт во државата и немир помеѓу граѓаните. Секој заслужува да има опција на гласачкото ливче кое ќе му го промени животот на подобро. Затоа нудиме Нова Алтернатива со идеи кои се лесно применливи а ние знаеме и имаме волја и храброст да ги спроведеме.

Данела Арсовска

Правда! Вековниот стремеж на Македонецот за своја сопствена држава впрочем е вековен стремеж за правда, затоа што државата е таа која треба да гарантира праведност, правичност и еднаквоста на сите граѓани пред законот.

За жал македонските политички елити изминативе 33 години независна Македонија не успеаа да го остварат вековниот стремеж на Македонецот за правда. Не дека не можеа, повеќе би рекла дека не сакаа. Оттука, не случајно довербата во Македонскиот правосуден систем е на рекордно најниски 3%. Речиси и да нема истражување на јавното мислење во кое како најголем проблем во земјава се посочува токму недостатокот на правда и правичност.

Прва наша задача е целосна реевалуација на правосудниот систем – од начинот на избор на судиите и јавните обвинители, нивната работа, транспарентност и отчетноста.

Нов избор на судии и јавни обвнители, преку непосредни избори на судии и обвинители во највисоките правосудни инстанци. На непосредни избори граѓаните ќе имаат целосен увид во биографиите на предложените кандидати за судии и обвинители, непосредно ќе го ценат нивниот интегритет и кредибилитет. Единствено на овој начин ќе постигнеме целосна независност и автономија во одлучувањето на судиите и јавните обвинители, без политички или било какви други притисоци. Само вака ќе успееме да го ослободиме правосудниот систем од партиските канџи.

Вториот постулат на Нова Алтернатива ослободување на економијата од стегите на крупниот капитал и воведување на еднакви можности. Изминативе 33 години Македонија мина низ транзиција, и се трансформира во квази-капиталистичко општество кое доведе до екстремно богатење на мала група моќници и осиромашување на 90 проценти од македонското население.

Првата точка од нашата визија е зголемување на економските слободи и тотална дерегулација на пазарите, но и силна анти-монополска политика. Доволно државата се користеше како промотор и заштитник на картелите на Македонската олигархија, поставувајќи бариери на младите и просперитетни претприемачи да го остварат својот потенцијал. Втората точка е политика на рамни даноци кои ќе значат привлекување на инвестиции во државата, но и помали давачки за домашните и успешни претприемачи. Третата точка е кратење на бирократските процедури и папирологијата со цел олеснување на работата на приватниот сектор, затоа што токму бирократијата е пречка за многумина да се охрабрат и превземат иницијатива за нешто ново, а не недостатокот на знаење и искуство.

Третиот постулат на Нова Алтернатива е борбата со корупцијата и криминалот. Го имаме лекот за ракот на македонското општество кое од денот на независноста континуирано е проблем поради алчноста на мала група на луѓе кои државата ја гледаат како бескраен извор на личен профит.
Три децении во Македонија никој не превзема сериозни чекори да се донесе Законот за потекло на имот. Три децении и три генерации политичари ветуваат дека ќе се справат со корупцијата и криминалот – и овие ветувања траат само во кампања. Потоа паѓа договор за меѓусебна амнестија од криминалот, и се заборава на предизборните ветувања. Затоа и актуелниот естаблишмент и политичките елите се плашат од нова визија врз која немаат контрола, ниту можат да направат договор за амнестирање од криминалот.

Потребно е забрзување на правните процедури за овие случаи преку интервенција во Кривичниот законик што ќе спречи било каков обид за застарување на случаите на криминал од корупција и организиран криминал во државата.

Четвртиот постулат на Нова Алтернатива е целосна дигитализација на јавната администрација. Користењето на овие технологии ќе дестимулира криминал и корупција, и ќе го минимизира влијанието на човечкиот фактор во постапките

Петтиот постулат на Нова Алтернатива инкорпорира неколку идеи во една, а тоа е спречување на процесот на иселување на младите од државата, заштита на македонскиот идентитет и членство во Европската Унија.

Сите претходни постулати ја приближуваат државата до целосно интегрирање во најголемиот економски сојуз во светот – Европската Унија и спречување на иселувањето од државата што е најсериозниот предзвик за губење на македонскиот идентитет и суштината на тоа што значи да се биде Македонец.

https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.