Нова Алтернатива го отвори својот изборен штаб во Битола

22/03/2024
Нова Алтернатива продолжува да ја шири својата идеја секаде каде што има правдољубиви, чесни и храбри луѓе.
Така е и во Битола каде го отворивме новиот изборен штаб на Нова Алтернатива.
Преубаво минат ден во друштвото на храбри и посветени луѓе.
Луѓе кои бараат правда, на кои им е преку глава од истите политичари и нечесни политики во последните три децении.
Нови луѓе, нова идеја, Нова Алтернатива!
https://novaalternativa.mk/wp-content/uploads/2024/01/nova-alternativa-logo-white.png
АЈДЕ СИТЕ ЗАЕДНО, СО ЕДНА ИДЕЈА - ПРАВДА ЗА МАКЕДОНИЈА - ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ОДБЕРЕМЕ НОВА АЛТЕРНАТИВА.
Сите заедно без разлика на етничка, верска или било каква друга определба да се избориме за еднакви можности, за просперитет. заедно да бараме правна држава во која секој ќе биде еднаков пред законите, Македонија да биде држава која ќе биде на страната на сите нас - граѓаните. Македонија во која ќе владее ред и поредок.
Правна држава во која ќе владее правото, а не криминалниот ум на квази-патриотите.